Предавање на Марија Тодорова: „Дали постои слаб национализам“

Професорката по историја на Универзитетот „Илиониос“, Марија Тодорова, ќе одржи предавање на тема „Дали постои слаб национализам и дали е тоа корисна категорија“, в сабота, од 12 до 14 часот, во ГЕМ-клубот.

Марија Тодорова е една од најеминатните светски историчарки, чија специјалност е историјата на Источна Европа, со особен фокус на Балканот и на Отоманската Империја во модерниот период. Таа предавала на универзитетите во Софија и во Флорида, а била и гостин-професор на низа универзитети во САД и во Европа, меѓу кои „Харвард“, „Рајс“, „Калифорнија-Ирвин“, Босфорскиот универзитет и многу други.

Во рамките на своите долгогодишни истражувања и анализи на историографијата и на типологијата на национализмот, а особено државно спонзорираниот национализам, Тодорова во своето предавање ќе се задржи на концептот на т.н. слаб национализам.

Користејќи ја компаративно оваа аналитичка категорија, таа го толкува национализмот во Бугарија и во Македонија во два примери – студии на случај, во рамките на балканскиот, европскиот и на глобалниот контекст.

Тодорова, исто така, ќе зборува и за емотивните аспекти на национализмот, осовено на чувствата на гордост и на понижување како централни вектори на мобилизирачка моќ на национализмот.