Пожари и кај Дојран и Демир Хисар

Кон пожарот во Демир Хисар е упатен Ер Тракторот на ДЗС, поради опасност пожарот да навлезе во висококвалитетната шума

Хеликоптер го гасне пожарот кај Свети Николе (5 август 2023) / фото: Центар за управување со кризи (ЦУК)

Два нови пожари попладнево на територијата на земјата.

Силен пожар изби во близина на Дојран кон Николиќ, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од таму велат дека постои опасност од негово брзо ширење поради ветерот.

Големиот хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР) со ведро под три тона е испратен на локацијата.

Силен пожар избил и кај селото Сопотница, демирхисарско. Таму е упатен Ер Тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), поради опасност пожарот да навлезе во висококвалитетната шума.

Претходно околу пладне изби пожар во Кривчева река во близина на Свети Николе.