Порталб.мк е најверодостоен портал во земјава, според анкетата на ИРИ

Порталб е единствениот портал на албански јазик кого испитаниците го спомнале како конкректен онлајн медиум на кој му веруваат

Принтскрин, Порталб

Порталб е избран за најверодостоен портал за информирање за политичките случувања во Македонија, односно 2 отсто од испитаниците на прашањето „Кои конкретни медиуми, односно конкретни ТВ канали, радио станици, весници, веб-страни итн., ги сметате за најверодостојни за политички информации?“ на најновото истражување на ИРИ, рекле дека тоа е Порталб.

Всушност, Порталб е единствениот портал на албански јазик кого испитаниците го спомнале како конкректен онлајн медиум на кој му веруваат. По него следи агрегаторот на вести Time.mk на македонски јазик со 1 отсто.

Што се однесува до телевизиите, за политичките теми, Алсат-М телевизија е најверодостојна телевизија во Северна Македонија, според истражувањето на ИРИ, а потоа следува ТВ21 и Порталб со по 2 проценти. На списокот ја нема Државната радио и телевизија на Македонија, МТВ2.

Ова не е првпат Порталб да се најде на списокот на најверодостојни медиуми на албански јазик  во земјава.

На медиумска сцена на македонски јазик води ТВ Сител со 39%, потоа следува Канал5 со 30% и Телма со 11%.

Врз основа на оваа анкета, повеќе од половина од анкетираните граѓани изјавиле дека медиумите во земјава се слободни и независни.

Што се однесува до насоката во која се движи државата, 78% од 1.220 испитаници изјавиле дека државата оди во погрешна насока.

Ова истражување е спроведено од 2 февруари до 5 март, односно во периодот пред изборите во април и мај.