Поради тепачка помеѓу двајца советници, прекината седницата на Советот на Општина Охрид

Поради тепачка помеѓу двајца советници, 28. седница на Советот на Општина Охрид беше прекината.

Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот и информираат дека лицето Џемаил Мена советник од редовите на БЕСА, телефонски пријавило дека во просториите на Општина Охрид, физички бил нападнат од лицето Нефи Усеини од ДУИ и двајцата од Охрид.

Во соопштението се вели дека се преземаат мерки за расчистување на овој случај.