Поради дисциплински прекршоци, парично казнети 38 полицајци

Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 41 решение против 41 вработен во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето.

Притоа, на 38 вработени изречена им е парична казна, за еден вработен е запрена постапката, а на еден вработен му е упатено писмено предупредување.