Попоски за РСЕ: Препораката е загрозена поради блокадата на Собранието

Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Европската унија никогаш и не прекинал. Тој се одвива исто како што се одвиваат и реформите во сите области што ги покрива, вели министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во изјава за „Радио Слободна Европа“.

На прашањето дали е загрозена препораката за влез на Македонија во Унијата, Попоски одговорил:

„Секако дека препораката е загрозена. Македонија нема да почне преговори без да се согласат 28-те земји-членки на ЕУ. Една од нив има јасно кажано што е условот. Таквото замаглување на европската иднина поттикнува конфликтност, а воедно и го урива стимулот за коректна политичка битка. Во отсуство на втората по големина група во Собранието, голема работа им се врши на тие што се трудат да се тргне препораката за преговори.“