Поднесено обвинение за намерното предизвикување пожар кај Патишка Река

Тие со запалива течност – моторно масло и бензин полеале и запалиле нискостеблеста шума и суви треви, а осомничените ги забележал и ги пријавил очевидец

фото: Центар за управување со кризи (ЦУК)

Oбвинителството до кривичиот суд денеска поднесе обвинителен предлог против три лица – татко и неговите два сина, кои предизвикале пошар на шумско земјиште во државна сопственост, во месноста викана Дупки, во атарот на селото Патишка Река, општина Сопиште.

За сите тројца е доставен и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Тие на 9 август, со запалива течност – моторно масло и бензин полеале и запалиле нискостеблеста шума и суви треви, соопшти обвинителството.