Пендаровски: Северна Македонија е позитивен пример на функционална мултиетничка демократија

-

Република Северна Македонија е позитивен пример на функционална мултиетничка демократија во однос на почитувањето и унапредувањето на правата на различните заедници, како и во пристапот на градење толеранција и доверба, во согласност со вредностите и заложбите на ОБСЕ, истакна претседателот Стево Пендаровски на средбата со амбасадорот и високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Каират Абдрахманов.

На средбата беа разменети мислења за севкупните активности на ОБСЕ во земјава во контекст на заштитата на правата на различните заедници, како и соработката на државните институции со меѓународните организации и граѓанскиот сектор по овие прашања.

Претседателот додаде дека во земјава има значителен исчекор во унапредување на јазичните права на немнозинските заедници, а во однос на родовите прашања има повеќе програми на кои активно се работи, во процесите на креирање на политики и донесување на одлуки и нивното влијание на родовата еднаквост во земјава.

Педнаровски и Абдрахманов на средбата разменија и мислења за тековните подготовки за претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. Претседателот истакна дека земјава планира да ги промовира приоритетите кои се од заеднички интерес, одразувајќи ја визијата на земјите-членки на ОБСЕ, водена од принципите на оваа организација. Во таа насока, Северна Македонија ќе има блиска соработка и со Високиот комесар за национални малцинства, работејќи на унапредувањето на човековите права и правата на немнозинските заедници.

Претседателот Пендаровски на средбата ја истакна долгогодишната соработка со ОБСЕ и поддршката во унапредување на демократските реформи, што е од големо значење во контекст на аспирациите на државата за членство во Европската Унија.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...