Патник загина во турбуленција на летот Лондон-Сингапур, 30 се повредени

Сè уште е нејасно што точно се случувало на летот. Еден патник изјавил за новинската агенција Ројтерс дека авионот одеднаш започнал да се „тресе и да се навалува“

Фото: Photo by Josue Isai Ramos Figueroa on Unsplash

Еден патник загина, а повеќе од 30 се повредени во авионот на Сингапур Ерлајнс кој летал од Лондон за Сингапур, а кој бил под влијание на голема турбуленција, пренесе Би-Би-Си.

Авионот „Боинг“ 777 за Сингапур се пренасочил кон Бангкок и слетал во 15:45 часот по локално време. Авионот транспортирал вкупно 211 патници и 18 членови на екипажот, се вели во изјавата на авиокомпанијата.

„Сингапур Ерлајнс изразува најдлабоко сочувство до семејството на пасенологот“, пренесува Би-Би-Си.

Сè уште е нејасно што точно се случувало на летот. Еден патник изјавил за новинската агенција Ројтерс дека авионот одеднаш започнал да се „тресе и да се навалува“.

„Почнав да се подготвувам за она што се случуваше, но многу одеднаш имаше драматичен пад, така што сите оние кои седеа и не носеа безбедносен појас беа исфрлени од седиштата и се удрија од таванот“, изјавил 28-годишниот студент Зафран Азмир.

Дел од патниците ги удриле главите на кабините за багаж, или на местата каде што се наоѓаат светлата и заштитните маски.

Авиокомпанијата соопшти дека 31 патници од авионот биле пренесени во болница.

Министерот за транспорт на Сингапур, Чи Хонг Тат, рече дека Владата ќе им помогне на патниците и на нивните семејства.