Општина Куманово отвори кол-центар за сместување на раселените

Општина Куманово отвори телефонски центар за граѓаните што имаат потреба да бидат згрижени. Сите семејства кои имаат потреба од сместување или каква било друга помош и проблем, можат да се јават на телефонските броеви 031 475-830 и 475-800.

Како сместувачки капацитети ќе бидат искористени Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“, спортски сали на училиштата „11 Октомври“, „Кочо Рацин“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“ и градинките.

Општина Куманово одвои два милиони денари за потребите на привремено раселените жители од т.н. Диво Насеље. Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски, соопшти дека кризниот штаб одлучил училиштата утре да не работат.

– Кризата во 2001 година беше ништо за граѓаните на Куманово во споредба со овој урбан тероризам со кој се соочуваме. Апелирам до граѓаните за присебност и за смиреност – рече градоначалникот Дамјановски.