вторник, 9 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: сместување | 27 резултати

Порталб анализа: Почна летната сезона – масовно се заминува на работа покрај море

26 мај 2022

„Се нуди плата од 800 до 1.000 евра, се бара келнер/шанкер, 9 работни часа“ – ова е само еден од многубројните огласи за сезонска работа во Загреб, Хрватска. Почна летната сезона – оваа година „хит“ дестинација за сезонска работа во угостителството е токму Хрватска, пишува Порталб. Платите достигнуваат и до 1.500 евра. Додека хрватските хотели […]

„Airbnb“ понуди бесплатно сместување за 20.000 Авганистанци

26 август 2021

Онлајн платформата за сместување „Airbnb“ соопшти дека привремено ќе смести 20.000 авганистански бегалци бесплатно за да им помогне  да се преселат секаде низ светот, јавуваат светските новински агенции. Од платформата велат дека овој потег е одговор на една од најголемите хуманитарни кризи на нашето време. „Стана извонредно јасно дека раселувањето и преселувањето на авганистанските бегалци […]

Објавени се резултатите од конкурсот за сместување во ученичките домови

15 август 2021

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека се објавени резултатите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Северна Македонија за учебната 2021/2022 година и истите можат да се погледнат на следниот линк. Примените ученици можат да се сместат во соодветниот ученички дом почнувајќи од 31.8.2021 година. Кандидатите чии апликации не […]

Индексот на цените на мало зголемен за 2,6 отсто во март, цената на маслото повисока за 14 отсто

7 април 2021

Индексот на трошоците на животот во март 2021 година, во однос на март 2020 година, бележи зголемување од 2,1 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Споредено со февруари 2021, индексот на трошоците на животот во март 2021 година, изнесувал 100.5, додека индексот […]

Со заштитни маски и на дистанца студентите денеска чекаат ред за вселување во студентските домови (галерија)

5 октомври 2020

По шест месеци, со посебни протоколи студентските домови повторно ги отвораат своите врати, откако во март беа затворени согласно препораките од Владата за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот. Годинава, иако наставата во најголем дел од факултетите ќе се одвива онлајн, сепак домовите се отвораат и тоа со намален капацитет. Мета.мк го посети […]

Во понеделник студентите се враќаат во студентските домови под посебни протоколи

3 октомври 2020

Во понеделник започнува сместувањето на студентите во студентските домови со нов начин на функционирање со протоколи и намален капацитет, изјави директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски на денешната посета во „Кузман Јосифовски Питу“, заедно со министерката за образование и наука, Мила Царовска. „Секоја соба каде што има две легла ќе се смести само еден […]

Студентските и ученичките домови ќе се отворат со намален капацитет

23 септември 2020

Студентските и средношколските ученички домови повторно ќе бидат отворени под услов во една двокреветна соба да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета ќе може да бидат сместени максимум две лица. Оваа одлука вчера ја донесе Владата по препораката на Комисијата за заразни болести. Поради оваа одлука Владата до Собранието […]

Во градинките има слободни места бидејќи родители не ги носат децата коишто се запишани

20 септември 2020

Секојдневната анализа на Министерството за труд и социјална полтитика, покажува дека во градинките постојат запишани деца, меѓутоа нивните родители не ги носат. Дополнително следејќи ја состојбата на дневно ниво, имаме сознанија дека сè уште има слободни места во градинките, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната прес-конференција. „Направена е последна анализа […]

Сместување во студентски дом е далеку побезбедно и поевтино отколку под кирија, велат студентските лидери

19 септември 2020

Неизвесно е дали, кога и под кои протоколи повторно ќе се отворат студентските домови за сместување на студентите во академската година што следи. Студентите ќе мора да ја почекаат конечната одлука, која треба да ја соопшти Комисијата за заразни болести. За ова информираше и министерката за образование и наука, Мила Царовска на прес-конференција. „Протоколите за […]

Од година во година опаѓа бројот на ученици и студенти што се сместуваат во домови и интернати

3 август 2020

Во последните седум години за 29 отсто опаднал бројот на ученици и студенти што се сместуваат во домови и интернати за време на школувањето. Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување и исхрана, но бројот на оние што престојуваат во нив се намалува низ текот на годините. Па така, ако во учебната и академска […]

СТЕП: Туристички пакети за природните и културни вредности на Македонија и Албанија

24 јануари 2019

На заеднички состанок во селото Јанче, партнерите во Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП) ги договараа туристичките пакети што ќе се нудат заеднички во северозападна Македонија и во регионот Елбасан во Албанија. Учесниците од Албанија на средбата во комплексот „Туто“ во живописното село во општина Маврово – Ростуше, кој исто така е член на […]

Бектеши и Пломп разговарале за економската соработка помеѓу Македонија и Холандија

31 јули 2017

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска се сретнал со холандскиот амбасадор, Ваутер Пломп, при што разговарале за туризмот, земјоделството и за инвестициите во обновливи извори на енергија. Бектеши изјавил дека земјоделството и инвестициите во обновливи извори на енергија се две гранки на економијата, многу важни за нашата земја, па размената на искуства со Холандија би била од […]

Иницијатива за бесплатно сместување за обожавателите што ќе дојдат за Суперкупот

25 јули 2017

Поради огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје и кај некои станоиздавачи поради претстојниот Суперкуп на УЕФА, неколку млади луѓе почнаа акција да го обелат образот на Скопје пред фудбалските обожаватели. Со нивниот проект „Суперкуп Скопје“ SuperCupSkopje, членовите на заедницата WeTalkIT ги поврзуваат фудбалските обожаватели на кои им треба сместување со луѓе од Македонија кои имаат […]

Измени во законот за сместувачки капацитети

13 октомври 2016

Предлогот за измени и за дополнувања на законските решенија за сместувачките капацитети, предизвикаа интерес и внимание меѓу охридските хотелиери и издавачите на соби. Со новите решенија, капацитетите на физички лица што издаваат соби или апартмани треба да имаат најмногу пет соби во еден објект, а доколку располагаат со повеќе од пет соби, мора да се […]

ДОМ нуди хостелско сместување за мајки со бебиња од поплавените подрачја

10 август 2016

ДОМ нуди интервентна помош за најранливите категории – мајки со бебиња и деца до три години. „За првите 20 лица што ќе се јават на телефонскиот број 076 311-601 ќе биде обезбеден престој во хостел со оброци за следните 10 дена. Ова е брза интервенција за дел од оние што немаат услови за живеење во […]

Охрид го живее шпицот на главната туристичка сезона

31 јули 2016

Викендов Охрид го живее шпицот на главната туристичка сезона. Традиционално, Охрид доживува кулминација на туристичкото и културно-забавно пулсирање, за илинденскиот викенд. Со оглед на фактот што 2 Август годинава е во работен ден, во вторник, на гостите им преостана да го искористат овој викенд. Петокот вечерта и саботата наутро, во Охрид се влегуваше со илјадници автомобили, […]

ОН: Бегалците во „Винојуг“ и во Табановце живеат како во притвор и во мизерни услови

20 април 2016

Околу 1.000 мигранти и бегалци, кои се сместени во транзитните центри „Винојуг“ и на Табановце, како и во центарот за азил во Скопје, од кои половината се деца, живеат во многу лоши и примитивни услови, со неквалитетна храна и со ограничена слобода на движење, велат агенциите на Обединетите нации. „Агенциите на Обединетите нации се сериозно […]

Музалас: Со затворањето на Идомени, ќе се изгуби контрола на бегалците кои преминуваат во ЕУ

11 февруари 2016

Грција треба да биде подготвена за затворање на границите, изјави грчкиот министер за миграциска политика, Јанис Музалас, во интервју за телевизијата „Мега“, истакнувајќи дека ваквиот чекор ќе биде еднострана активност од други држави, а не заеднички договорена на европско ниво. Музалас посочи дека владата реално се подготвува за ваков чекор. Тој проценува дека затворањето на границите […]

Градоначалниците од Атина реагираат на носењето на мигрантите од Идомени

11 декември 2015

Расчистувањето на Идомени и пренесувањето на голема група мигранти од грчко-македонската граница во Атина, создаде нови главоболки за грчката влада и за министерот за внатрешни работи и за миграција, Јанис Музалас. Четворица градоначалници од јужните предградија на Атина, каде привремено се сместени мигрантите, реагираат против оваа одлука и бараат да не се дозволи нивните населби […]

Шведска очекува повеќе од 150.000 бегалци до крајот на годината

9 октомври 2015

Шведскиот премиер, Стефан Лофвен, денеска соопштил дека бројот на бегалци што ќе побараат азил во оваа скандинавска земја до крајот на годината би можел да изнесува повеќе од 150.000 луѓе, јавуваат светските медиуми. Тој посочил дека во изминатите седум дена во земјата пристигнале околу 9.000 бегалци и дека „ако работите продолжат да се одвиваат со ист интензитет, […]

Страна 1 од 2