ОН: Израелски и палестински вооружени групи направија сериозни прекршувања

За време на минатогодишниот конфликт во појасот Газа, израелски и палестински вооружени групи направиле сериозни прекршувања што може да се сметаат за воени злосторства, соопштија денеска инспекторите на ОН.

Во извештајот, Комисијата го повикува Израел да обезбеди детали за неговите одлуки за таргетирање одредени цели, да дозволи независна процена за неговите напади врз појасот Газа, каде беа убиени 1.462 цивили и беа уништени илјадници домови. Независните инспектори, предводени од Американката Мери Мекгован Дејвис, ги осудија убиствата на наводните колаборационисти од палестинските организации, велејќи дека и тоа се воени злосторства.