Од утре зонското паркирање ќе се наплатува до 23 часот

Започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско

Photo by Michael Fousert on Unsplash

Од утре, 01.06.2024 година (сабота) започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско, со кои стопанисува претпријатието, извести Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје.

Од понеделник до сабота работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од 07:00- 23:00 часот.

„Апелираме корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време“, велат од ЈП Градски паркинг.