Облачно и магливо време со повремен дожд

Времето денеска ќе биде облачно, со повремени локални врнежи од дожд, особено во југоисточниот дел на земјата. Вo котлините ќе биде магливо и студено, а на повисоките планински врвови се очекуваат врнежи од снег.

Минималната температура ќе изнесува 2 Целзиусови степени, а максималната 11 степени.

Во Скопје и во околината ќе биде облачно и магливо, со повремен слаб дожд во претпладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне 7 Целзиусови степени.