Новиот правопис бесплатно достапен за симнување

На свеченост по повод патрониот празник на Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, денеска беше промовирана новата веб-страница www.pravopis.mk на која која бесплатно може да се чита или да се симне второто издание на најновиот „Правопис на македонскиот јазик“ во ПДФ-формат.

– Сметам дека оваа вест претставува голема радост за сите Македонци не само во нашата земја, затоа што со неа добиваме одличен и практичен инструмент за унапредување на нашите јазични познавања и за подобра употреба на македонскиот јазик, во јавните објави и во јавната комуникација – рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски во своето обраќање.

На веб-страницата се поставени и ГИФ-анимации и слики со приказ на најчестите јазични грешки што се прават во комуникацијата.