Нови четири лица од Скопје позитивни на корона вирусот, вкупната бројка на заболени се зголеми на 35

Фото: Мета.мк

Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата до 12 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни четири лица од Скопје, a состојбата на сите пациенти е стабилна.

„Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација. Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија,“ информираат од Министерство за здравство.

Повеќе информации се очекуваат на прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче закажана за 15 часот во Владата.