Никола Попоски денеска на работна посета во Брисел

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Попоски ќе има работен појадок со постојаните претставници на земјите-членки во ЕУ, во пресрет на подготовките за заклучоците за Европскиот совет на собирот што ќе се одржи на 17 и на 18 декември во Брисел.

Попоски ќе има средба и со комесарот за европска соседска политика и за преговори за проширување, Јоханес Хан.