НДП: ДУИ е длабоко навлезена во корупција и во криминал

На Албанците одамна им било јасно кое е вистинското лице на ДУИ, на нејзиниот лидер и на неговите функционери, но сега веруваме дека и другите го видоа вистинското и реално лице на лажните патриоти, кои во јавност пред народот се продаваат како патриоти а во природниот свет се „покаур од каурите“, пишува во соопштението на Национална демократска партија.

Во реакцијата на НДП стои дека дека преку денешната прес-конференција, се видело дека ДУИ е длабоко навлезена во корупција и во криминал.

„Бараме од лидерот на опозицијата да ги објави сите снимки за секој политичар, бидејќи само на тој начин може да се надеваме на добар почеток за оваа држава“, реагираат од НДП.