Најмалку три лица загинаа, а 87 се ранети во израелскиот напад врз јеменското пристаниште Ходеида

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера рече дека неговата земја ќе се брани „со сите средства“.

Government Press Office (Israel), CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Израел изврши воздушни напади врз пристаништето Ходеида во Јемен, контролирано од Хутите, еден ден откако беспилотно летало лансирано од групата го погоди Тел Авив, пишува Би-би-си.

Најмалку три лица загинале, а повеќе од 80 се повредени од нападите во саботата, а  функционерот на Хутите, Мохамед Абдулсалам, го нарече нападот „брутална израелска агресија против Јемен“.

Утрово, израелската војска соопшти дека соборила проектил истрелан од Јемен пред да премине во воздушниот простор на Израел.

Снимките од Ходеида покажуваат огромни пожари. Владата во Сана, управувана од Хутите, рече дека Израел удрил во складишта за нафта во близина на брегот, како и блиска електрана.

Израелските одбранбени сили (ИДФ), во соопштение велат дека по девет месеци континуирани воздушни напади од Хутите, израелските одбранбени авиони извеле обемен оперативен напад на територија од 1800 километри.

„ИДФ е способна да оперира секаде каде што е потребно и ќе ја нападне секоја сила што ги загрозува Израелците“, се вели во соопштението, додавајќи дека операцијата во саботата е под кодно име „Поднесена рака“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера рече дека неговата земја ќе се брани „со сите средства“.

„Секој што ќе ни наштети ќе плати многу висока цена“, рече тој во телевизиско обраќање, тврдејќи дека пристаништето е влезна точка за иранското оружје.

Во петокот станови во Тел Авив беа погодени од беспилотно летало од иранско производство, кое било модифицирано за да лета на долги растојанија.

Хутите рекоа дека го извршиле тој напад и ветија дека ќе организираат повеќе.

Во нападот загина 50-годишен маж кој неодамна се преселил во Израел од Белорусија, а биле повредени уште 8 лица.

Израелскиот воен функционер рече дека нивните одбранбени сили го откриле дронот што доаѓал, но не се обиделе да го соборат поради „човечка грешка“.

Претходно, речиси сите проектили и беспилотни летала на Хутите истрелани кон Израел беа пресретнати.