На скопскиот аеродром спречен шверц на рачни часовници во вредност од 240 илјади денари

Меѓу нив бил еден рачен часовник „Rado“ и седум часовници „Elite“

фото: Царинска управа

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје вчера заплениле осум рачни часовници со вкупна вредност од 240.862 денари, соопшти Царинската управа.

Часовниците биле откриени кај македонски државјанин кој слетал со лет од Австралија.

Како што појаснуваат од Царина, патникот се определил за зелен канал каде што поминуваат патниците кои немаат ништо за пријавување. На прашањето дали има нешто да пријави, тој одговорил дека нема ништо, но при царинска контрола на багажот биле пронајдени непријавените часовници. Меѓу нив бил еден рачен часовник „Rado“ и седум часовници „Elite“.

Против патникот е поднесена прекршочна пријава за непочитување на царинската регулатива.