МНР ги повикува македонските граѓани да го напуштат Либан

Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан, велат од МНР

Фото: Мета.мк

Министерството за надворешни работи ги советува сите македонски државјани кои се моментално во Либан, да ја напуштат државата во најбрзо време поради влошената безбедносна ситуација на територијата.

Оттаму апелираат и да се одложат сите патувања кон Либан, кои не се неопходни.

„Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан,“ се вели во апелот на МНР.

Ова се случува откако Хезболах објави снимка која наводно е од израелска воена инфраструктура, а Израел Кац, министерот за надворешни работи на Израел предупреди дека Хезболах ќе се соочат со „деструкција“.