Меркел: Би разговарала со Путин за лажните вести

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека со задоволство би разговарала со Русија за сајбер нападите и лажните вести.

Таа ја истакна својата загриженост дека е прашање дали проблемот со лажните вести би можел успешно да се реши пред европските избори оваа година.

– Знаеме дека Русија многу отворено става до знаење дека хибридното војување го смета за еден вид на одбрана – истакна Меркел на Безбедносната конференција во Минхен одговарајќи на прашањето за проблемот со лажните вести.

Германската канцеларка изрази желба тоа да биде тема на разговор на релација НАТО-Русија.