Манчевски: Уставниот суд да се произнесе за уставноста на законот за СЈО

Уставниот суд веднаш да се произнесе за иницијативата околу уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство, а срамните и неуставни одлуки за аболиција од страна на Ѓорѓе Иванов веднаш и целосно да бидат поништени, вели Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

– Една од најголемите придобивки од Договорот од Пржино е формирањето на Специјалното јавно обвинителство, наводно поддржано од сите четири политички партии. Суштинска цел на постоењето на СЈО е да се врати владеењето на правото и правната држава и законот да важи за сите еднакво. Една година потоа, опструкциите на работата на СЈО од страна на власта продолжуваат. Опструкциите се предводени од Никола Груевски и од неговите пропагандни гласила – вели Манчевски.

Тој додаде дека за да се реши кризата во Македонија, мора да има правда, а СЈО да биде оставено независно да си ја врши својата работа.