Малолетниците што беа пронајдени во бесознание се опоравуваат на Токсикологија

Двете момчиња и двете девојчиња, на возраст од 14 до 17 години, имаат повреди по телото, но се свесни и со подобра здравствена состојба

Четирите малолетни деца кои беа пронајдени во бесознание во стан во Скопје се опоравуваат на Клиниката за токсикологија. Двете момчиња и двете девојчиња, на возраст од 14 до 17 години, имаат повреди по телото, но се свесни и со подобра здравствена состојба. Како што информираат од Клиниката, децата биле примени во тешка здравствена состојба и под дејство на психоактивни супстанции.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, малолетните лица биле откриени во Скопје, во објект во сопственост на Д.Г. (40), откако претходно добиле пријава за нарушување на јавниот ред и мир. Четворицата малолетници биле однесени на Клиниката за токсикологија во бесознание.