понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: повреди | 35 резултати

Пукање во Чаир, повредено 24-годишно момче

декември 20, 2017

Денеска околу 17.40 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје од возило во движење пукано е во лицето Б.И. (24), информираат од МВР. Повредениот Б.И. веднаш е пренесен во болница, а полициски службеници се на лице место и преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Полицаец застрелал двајца малолетници во Струмица, обвинителството врши увид

август 12, 2017

Полицаец синоќа со службениот пиштол застрелал двајца малолетници во Струмица, од кои едниот со тешки повреди бил хоспитализиран на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје (КАРИЛ), а на другиот му бил извршен оперативен зафат во струмичката болница. Од Јавното обвинителство соопштија дека денеска надлежен јавен обвинител од ОЈО Струмица ќе продолжи со […]

Немири во парламентот во Венецуела, повредени неколку пратеници

јули 5, 2017

Десетици провладини активисти упаднаа во седиштето на венецуелскиот парламент кој го контролира опозицијата. Тие упаднале во зградата на парламентот додека траела специјалната седница по повод националниот ден на независноста. Напаѓачите мавале со стапови, фрлале петарди и предизвикале хаос, при што повредени се неколку пратеници и новинари, од кои се појавија слики со раскрвавени лица. Опозицијата во […]

Во експлозија, повреден поранешниот грчки премиер Пападимос

мај 25, 2017

Поранешниот грчки премиер Лукас Пападимос е повреден во експлозија на писмо-бомба во неговиот автомобил во центарот на Атина. Поранешниот премиер е надвор од животна опасност. Експлозивниот материјал бил поставен во писмо адресирано до Пападимос и експлодирал при отворање, додека тој се возел низ градот. Во експлозијата се повредени Пападимос, неговиот возач и еден член на […]

Шекеринска: ОЈО да не стане соучесник во политичкото насилство

мај 15, 2017

Во Обвинителството го раскажав настаните што се случија во Собранието и дека тој ден луѓето присутни таму, особено пратениците, беа цел на еден крвнички напад, за некои од нив и да го изгубат животот, изјави Радмила Шекеринска, заменик-претседателката на СДСМ, при излегувањето ОЈО, каде што денеска даваше исказ за насилните случувања на 27 април во Собранието. – […]

Едно лице почина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје – Тетово

мај 9, 2017

Попладнево, околу 18 часот, едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје – Тетово, на надвозникот за село Добарце. Несреќата се случила кога, од засега непознати причини, автомобил „цитроен ц3“ со тетовски регистарски таблички излетал од патот. Во несреќата починал 68-годишниот тетовец М.Т., кој од ударот излетал од автомобилот. Во сообраќајната несреќа, […]

Дваесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа во Охрид

мај 7, 2017

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што рано утрово, во пет часот, се случи на регионалниот пат Свети Наум – Охрид, во близина на Хидро-биолошкиот завод, информира СВР-Охрид. „Од добиените повреди, на местото на настанот животот го загуби Дејан Т. (20), додека тешки телесни повреди добил Р.Д. (25), двајцата од Охрид. Поради […]

Хојт Ји денеска и утре на средби со Иванов, Џафери и со лидерите на партиите

април 30, 2017

Заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, денеска пристигнува во Скопје, каде во текот на денешниот и на утрешниот ден треба да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, лидерите на политичките партии и, како што велат од Амбасадата на САД, со „претседателот на Собранието Талат Џафери“. Од американската […]

Авион во Индија излетал од пистата, повредени 15 лица

декември 27, 2016

Авион на индиската авиокомпанија  „Џет ервејз“ се излизга од пистата на аеродромот во Гоа, на западот на Индија, а во инцидентот потешко се повредени 15 лица, соопштија индиските власти. Сите патници биле евакуирани, јавуваат индиските медиуми. Причината за несреќата сè уште не е позната, а во авионот кој во моментот на инцидентот се подготвувал да […]

Еден загинат и еден тешко повреден во две сообраќајни несреќи кај Охрид и Струга

ноември 29, 2016

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода што синоќа во 20.30 часот се случи на магистралниот пат Струга – Ќафасан во близина на селото Радолишта. Од здобиените повреди, на самото место почина Елван А.(69) од струшкото село Радолишта. Неговата смрт, на местото на настанот била констатирана од медицинска екипа од Општа болница во Струга. […]

Едно лице повредено при експлозија на плинска боца во Аеродром

ноември 27, 2016

Вчера во 20.45 на булевар Јане Сандански на приземјево станбена зграда настанал пожар во стан откако експлодирала мала плинска боца за варење кафе, информираат од МВР. Од пожарот, изгореници на нозете добила Т.З. (72) и со возило на брза помош била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, од каде била пренесена во Ургентен центар […]

Излетале од патот и паднале во провалија длабока 4 метри

ноември 27, 2016

Вчеравечер околу 21 часот на локалниот пат Македонска Каменица – с.Моштица, се случила сообраќајна незгода во која Б.Ц. (22) од Македонска Каменица, кој управувал автомобил марка „рено меган“, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и паднал во провалија длабока околу четири метри. Од МВР информираат дека во незгодата сопатничката од возилото, С.Ѓ. (28) од […]

#Одговорност се шахти со капаци

ноември 12, 2016

Тоа што годишно во отворени шахти пропаѓаат и се повредуваат по десетина деца и возрасни граѓани или, пак, страдаат возилата, како да не е доволна причина локалната власт и полицијата посериозно да се позанимаваат со оваа појава. Не само пешаците, туку и возила завршуваат во отворените шахти, кои станаа секојдневна слика присутна, буквално, на секој […]

Во сообраќајна несреќа на патот Штип – Радовиш едно лице потешко повредено

октомври 8, 2016

Вчера, во 16.10 часот, на магистралниот пат Штип – Радовиш, се случила сообраќајна несреќа при разминување на влекач „даф“ со кумановски регистарски ознаки и приклучна полуприколка „шмитз“ управувана од Н.А.(1977) од Куманово и автомобил „мерцедес Е-220“ со струмички регистарски ознаки сопственост и управуван од З. М. (1968) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди, […]

Силен пожар на Хиос

август 26, 2016

Една жена е сериозно повредена, а уште шест лица имаат полесни повреди во силниот пожар што ноќеска го зафати грчкиот остров Хиос. 64-годишната жена има сериозни изгореници и се бори за живот во локалната болница. Пожарот се разгоре на островот по полноќ, а пожарните служби на Хиос со часови се бореа со огнените јазици. Обидот да […]

Автомобил усмрти пешак во Ѓорче Петров

август 21, 2016

А.М.(1990), управувајќи автомобил „цитроен Ц4“ со гостиварски регистарски ознаки удрил во пешакот В.Ч (1967) на улица Ѓорче Петров кај „Бау маркет“. По сообраќајната несреќа што се случила синоќа, пешакот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде што им подлегнал на повредите. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Бегалец загина во тепачка во бегалски камп во Атина

јули 15, 2016

Бегалец од Авганистан го загуби животот во тепачка во бегалскиот камп Елинико, во јужните предградија на Атина. Човекот бил прободен со нож во гради и имал сериозни повреди на главата со кои се здобил во мешаница и физичка пресметка која почнала меѓу група бегалци од Авганистан во привремениот бегалски камп на просторот на стариот атински […]

Итната помош дала „виза“ за рочиште за „Диво Насеље“, обвинетите немале повреди од ќотек

јули 14, 2016

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжи главната расправа од судскиот процес за настаните во Диво Насеље во Куманово, од 9 и од 10 мај минатата година, и покрај интервенцијата на екипа на Итната помош, која била повикана откако шестмина обвинети се пожалиле на здравстени проблеми и на повреди, кои, наводно, ги добиле при транспортот од […]

Напад со нож на железничка станица во Минхен

мај 10, 2016

Непознат маж утринава со нож нападнал патници на железничката станица во Минхен, ранувајќи четири лица. Едно лица подлегна на повредите. Германската полиција соопшти дека се ранети четири лица, а едно од нив, кое имало тешки повреди, подоцна починало во болница. Портпаролката на полицијата, Михаела Гроб, рече дека мажот е уапсен и дека властите работат на […]

Во три сообраќајки во Полошко, повредени четворица пешаци

април 24, 2016

Во три одделни сообраќајки изминативе два дена во Полошко, повредени се четворица пешаци. Вчера попладне на улицата Ѓоце Стојчески Амбарче во Тетово, повредено е петгодишно дете, кое ја преминувало улицата. Детето било удрено од автомобил „мерцедес“, управуван од 63-годишник од Тетово. Детето е веднаш пренесено во тетовската болница, каде по укажаната помош, пуштено е на […]

Страна 1 од 2