Кривична за стружанец затоа што ја тепал свршеницата

Струшката полиција поднела кривична пријава против Г.А. (42), осомничен дека на почетокот на овој месец, во алкохолизирана состојба, ја нападнал својата свршеница, информираат од полицијата.

Според пријавата, стружанецот се товари за телесна повреда при вршење семејно насилство.

Како што информираат од полицијата, осомничениот на 7 март во алкохолизирана состојба првин почнал вербална расправија, а потоа и физички ја нападнал својата свршеничка. Полициски службеници ја пренеле жената во општата болница во Струга, каде лекарите констатирале телесни повреди.