Книжевниот фестивал „Добра приказна“ бара онлајн донации за да се одржи

Станува збор за регионален литературен фестивал и ќе се одржи во Скопје од 30 август до 1 септември од Маргина и Окно, со фокус на кратка фикција

Книжевниот фестивал за мали фикции „Друга приказна“ повикува за помош за реализација на овогодишното издание и одбележување на јубилејот 30 години Маргина и 15 години Окно.мк.

Фестивалот може да го поддржите преку онлајн донации, на следната веб-страница.

„Помеѓу целите на фестивалот е популаризација на литературата, преиспитување на улогата на литературата во општеството, преиспитување на жанровските граници, односите меѓу популарното и елитата, високото и ниското, ангажираното и бегството, преиспитување на улогата на писателот во нови локални и глобални контексти, креирање и практикување на нови стратегии за поврзување меѓу културите и на локално и на регионално и на глобално ниво, како и вмрежување на македонски автори и искуства во регионален контекст“, велат од фестивалот.

Главната тема на фестивалот оваа година се јубилеите на магазинот Маргина, кој прославува 30 години и порталот Окно, кој слави 15 години постоење. Втората важна тема на фестивалот ќе биде Палестина.

На фестивалот ќе учествуваат околу 30 писатели, артисти и теоретичари од земјава и регионот.

Со цел успешна техничка реализација на фестивалот, како и за да се соберат средства за награди за победниците, организаторите на фестивалот креираа кампања за онлајн собирање на пари – целта им е да соберат 2000 евра.

Линкот за донирање пари на организацијата може да се најде овде, на страницата „Go Get Funding“.