Ќе се одржат предвремени избори во Израел

Тесна битка на предвремените парламентарни избори во Израел ќе водат ривалите Бенјамин Нетанјаху, актуелниот премиер и лидер на владејачката партија Ликуд, и Јицак Херцог, шефот на центролевичарската Ционистичка партија.

Најголема поддршка меѓу израелските гласачи има Ционистичката партија на Херцог, но според анкетите, ниту една од главните партии не би требало да смета на повеќе од 25 отсто од гласовите.

Политичките аналитичари сметаат дека Нетанјаху би можел да остане премиер, благодарение на пропорционалниот систем на гласање, што им овозможува на повеќе мали партии да влезат во парламентот, а најбројната меѓу нив да има клучна улога во формирањето владејачка коалиција.