fbpx

Казнети 26 возачи зашто возеле побрзо од дозволеното

-

Вчера во Скопје МВР изрекло 133 мерки за прекршоци во сообраќајот, од кои 26 казни се за возење повеќе од дозволената брзина, 13 се за возење без возачка дозвола, а осум казни се изречени за технички неисправни возила, соопштуваат оттаму.

– Изречени се и три мерки за возење под дејство на алкохол, 10 за зборување на мобилен телефон, шест мерки за непочитување на првенство на минување, три санкции за возач почетник. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – велат во МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ИНТЕРВЈУ: Со играта „Скопје“ светот ќе ја запознае нашата бруталистичка архитектура

На радост на сите гејмери, Кристијан Трајковски, заедно со гејм дизајнерот Марко Зарев и арт директорот Симон Стојановски од студиото Dark-1 веќе четири години работат напорно на создавањето на...