Камерун: Со отровна стрела убиле бомбаш самоубиец

Група жители на северот на Камерун, во самоодбрана со отровна стрела убиле жена која била опашана со експлозив, соопштија властите.

Четириесетгодишната жена, заедно со 14-годишно девојче, влегла во Камерун од соседна Нигерија.

Жители на градот Мора ја стрелале жената со отровна стрела, откако таа одбила да запре на нивното барање.

Девојчето кое било со неа загинало откако таа го активирала својот експлозив.