Коцијанчич потврди: Јоханес Хан на средба со Заев и со Груевски во вторник

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ќе допатува во Скопје во вторник, на 2 јуни.

Маја Коцијанчич, портпаролка на Јоханес Хан, за „Мета“ потврди дека комесарот ќе пристигне во Скопје во вторник за средби со политичките лидери.

Тој ќе ја истакне итноста на потребата за наоѓање решение за кризата и ќе препорача да се надминат клучните предизвици што стојат пред државата, соопштија од Европската комисија.