Изгоре „хјундаи“ во населбата Железара

Во пожар што се случил денеска околу пладне, на улицата Коце Металец, во пожар бил уништет автомобил „хјундаи“, информираше Противпожарната бригада на Град Скопје.

Интервенирале четири пожарникари со едно возило, кои стасале на местото околу 12.40 часот, а интервенцијата траела 50 минути.

Штетата е проценета на малку помалку од 10.000 евра.