Иванов на конференција на Јадранската повелба во Охрид

На 19. Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите-членки на Јадранската повелба (А5) и на САД, што ќе се одржи во Охрид, денеска ќе се обрати претседателот Ѓорге Иванов.

Тема на конференцијата е „Здружените напори во постигнување на НАТО партнерските цели и способностите на силите“.

Јадранската повелба е партнерство формирано во 2003 година за заеднички и координирани активности за што побрзо исполнување на критериумите и на стандардите на НАТО, како и за преземање заеднички иницијативи за градење мир, демократија, стабилност и просперитет во регионот на Југоисточна Европа.