Иванов им го честиташе празникот Пасха на припадниците на еврејската заедница

Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до претседателката на еврејската заедница во Македонија, Берта Романо-Николиќ, по повод големиот еврејски празник, Пaсха.

„Честитајќи ви го празникот Пасха, сакам да порачам дека заеднички треба да придонесеме за почитувањето на религиските и на културните посебности, создавајќи вредности за идните генерации. Примете ги моите искрени желби за мир, меѓусебна доверба и за пријателство“, се вели, меѓу другото, во честитката на Иванов.