Италија: Уапсени 17 терористи

Италијанската полиција денеска соопшти дека 17 лица се уапсени во различни европски држави во рамки на заедничката операција против осомничените терористички групи.

Во соопштението не се наведуваат повеќе детели за операцијата.
Во текстот се додава дека уапсените се осомничени за меѓународен тероризам.

Полицискиот портпарол одби да каже колку апсења се извршени во Италија, но додаде дека меѓу уапсените нема Италијанци.