Иранска група преку ChatGPT се обидела да влијае на изборите во САД

Во операцијата наречена Бура-2035, иранската група го користела софтверот за вештачка интелигенција на OpenAI за да генерира содржина за кандидатите за избори во САД, конфликтот во Газа и присуството на Израел на Олимпијадата

Фото: Mojahid Mottakin on Unsplash

Компанијата ОпенАи (OpenAI) соопшти дека ги отстранила профилите на членовите на иранската група која користела софтвер ChatGPT за да креира содржина наменета да влијае на претседателските избори во САД.

Во операцијата наречена Бура-2035, иранската група го користела софтверот за вештачка интелигенција на OpenAI за да генерира содржина за кандидатите за избори во САД, конфликтот во Газа и присуството на Израел на Олимпијадата, а потоа ги споделила преку профилите на социјалните мрежи и веб-порталите.

Истрагата на компанија за вештачка интелигенција поддржана од Мајкрософт покажала дека ChatGPT се користел за генерирање долги написи и пократки коментари на социјалните мрежи, пишува британскиот весник Гардијан.

Повеќето од идентификуваните објави на социјалните мрежи добиле малку лајкови (допаѓања) или пак воопшто немало лајкови, споделувања или коментари, а компанијата не видела индикации дека веб-написите се споделуваат преку социјалните мрежи, се вели во соопштението на OpenAI.

За профилите е издадена наредба со која се забранува употребата на услуги за вештачка интелигенција развиени од компанијата за следење на активноста за какви било понатамошни обиди да се влијае на политиката.

Претходно во август, Мајкрософт извести за разузнавачки информации за закани од иранската мрежа Storm-2035, која се состои од четири веб-страници кои се маскираат како вести.

Во извештајот се вели дека мрежата активно ангажира групи американски гласачи кои се спротивни краеви од политичкиот спектар.

Нивниот ангажман е изграден со „поларизирачки пораки за прашања како што се американските претседателски кандидати, правата на ЛГБТ и конфликтот Израел-Хамас“.

OpenAI во мај соопшти дека открила и затворила тајни операции кои се обидувале да ги користат нејзините модели за „измамничка активност“ низ Интернет.