СДСМ: Груевски и неговите соработници ќе поднесат сметка за Диво Насеље

Никола Груевски и неговата власт ќе им поднесат сметка на семејствата на загинатите полицајци, на луѓето чии домови се разурнати, на граѓаните на Куманово и на Македонија за тоа што се случи на 9 мај во Диво Насеље, обвинуваат од СДСМ.

„Чие дело е ужасниот инцидент во кумановско Диво Насеље? Зошто Владата на Груевски не ја спречила терористичко-криминалната група, бидејќи јавноста слушна дека нејзини високи функционери имале и информации, а по сè изгледа и контакти со неа?
Семејствата на осумтемина загинати припадници на безбедносните сили ја очекуваат суровата вистина. Луѓето кои останаа без покрив на главите ја очекуваат. Граѓаните на Куманово и на Македонија ја очекуваат“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од партијата порачуваат дека јавноста ќе ја дознае вистината за тоа што се случило на 9 мај мината година.