Грција со дронови во борба против пренатрупаните плажи

Целта на апликацијата и патролите со беспилотни летала е да се запре нелегалното поставување чадори и заземање на крајбережјето од страна на приватни компании

Image by Pexels from Pixabay

Локалните жители во Грција на кои им е „преку глава“ од плажите покриени со лежалки, се потпираат на користењето апликација за пријавување граѓани кои ги пренатрупуваат плажите. Апликацијата е поврзана со работатата на беспилотни летала кои ги надгледуваат плажите и ги известуваат корисниците.

Најмногу прекршоци имаат ресторани, барови и компании кои не поседуваат дозвола за изнајмување покрај крајбрежјето. Дроновите ги опфаќаат објектите што го заземаат делот покрај морето, а според новиот закон донесен во март тие мора да се одалечени четири метри од морето. Беспилотните летала се поддржани од локални граѓани преку дигиталната апликација „My Coast“, која ги охрабрува корисниците да пријават прекршоци.

Во претходниот период локалните медиуми известија дека биле примени над 1.000 жалби што резултирале со над 350.000 евра казни за прекршоци за само пет дена, пишува „Еуро Њуз“.

Грчкиот министер за национална економија и финансии Костис Хацидакис изјави дека „нашата цел е од една страна да ја заштитиме и животната средина и правото на граѓаните на слободен пристап до плажата, а од друга страна да го зачуваме туристичкиот производ како и здравото претприемништво“.

Не сите плажи во Грција се опфатени со ваквиот начин на набљудување и пријавување преку апликацијата. Неодамнешните инспекции заземаат фокус на 14 грчки плажи, особено заштитувајќи ги оние во заштитените области Натура каде е  нелегално поставувањето на чадори.

Плажата Крионери на северозападниот брег на земјата има добиено 169 поплаки претходно овој месец – најмногу од сите останати. Причината е поради користењето на површина од страна на објектите што ја надминуваше договорената површина, а плажата Валтос исто така, доби голем број поплаки. Плажите Лагониси и Неа Хераклија на островот Халкидики биле испитани за слични прекршоци, заедно со плажата Клима на островот Егина и плажата Масури на Калимнос. Мета се и туристичките плажи како Крф и Родос. Најголемата казна за непочитување на правилата изнесуваше 220.000 евра и беше изречена на бизнис кој беше утврдено дека работи без лиценца на плажата Тимари во Анависос.

Целта и на апликацијата и на патролите со беспилотни летала е да се спроведе законодавството воведено од Министерството за национална економија и финансии. Според законот, плажите во Грција сега мора да бидат 70 отсто без лежалки, или 85 отсто за оние во заштитените подрачја, каде што е ограничена изградбата.

Според новите правила, објектите што користат или издаваат лежалки мора да имаат дозвола за тоа, која може да се набави преку онлајн аукции. Оние кои имаат дозволи мора да преземат одговорност за одржување на плажата чиста и достапна – вклучително и со прикажување на правилна ознака. Тие исто така мора да се погрижат да имаат спасител на плажа.

Како што започнува летната туристичка сезона, новите проверки помагаат да се намали пренаселеноста и нелегалната приватизација на грчките плажи. Се очекуваат дополнителни мерки за ограничување, вклучително и мерките за крстарење на популарните грчки острови Миконос и Санторини од 2025 година.