Гордана Јанкулоска стана доктор на науки

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанулоска, стана доктор на науки од областа на безбедноста. Таа на Факултетот за безбедност во Скопје ја одбранила докторската дисертација на тема „Современи методи во сузбивањето на транснационалниот економско финансиски криминал“.

За напредокот во науката и за новата академска титула, Јанкулоска се пофали на својот фејсбук-профил, на кој на македонски и на англиски напиша: „Од денес д-р Гордана Јанкулоска“.

Јанкулоска си поднесе оставка на функцијата министер за внатрешни работи во мај годинава, неколку дена по настаните во Диво Насеље во Куманово, во кои загинаа осуммина припадници на специјалните сили МВР.

Таа е и еден од поранешните функционери од власта на премиерот Никола Груевски, чие име и разговори се најчесто споменувани во „бомбите“ што ги објави опозицискиот СДСМ.

Оваа недела Јанкулоска требаше да сведочи пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, но не се одзва на поканата.