Две деца се тешко повредени при судар на автомобил со локомотива во Битола

Фото: Мета.мк

Две деца на возраст од 2 и 5 се тешко повредени при судар на автомобил марка Пежо 206 и локомотива (работна машина) на железнички премин во близина на училиштето „Коле Канински“ во Битола, потврдија од Министерството за внатрешни работи за Мета.мк. Несреќата се случила вчера во 8 часот наутро, а мајката која управувала со автомобил марка пежо минала со лесни повреди.

Според сознанијата на Мета.мк, децата биле пренесени на одделението за неврохирургија во битолската болница „Др. Трифун Пановски“.