Двајца штитеници ги напуштиле домовите „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ“

Штитеник од „25 Мај“ и штитеничка од ЈУ „Ранка Милановиќ“се оддалечиле од домовите во непознат правец, соопшти денеска полицијата.

Вработена во домот „25 Мај“ вчера во 17.30 часот во Полициската станица во Чаир, пријавила дека на 20 септември, околу 14 часот, 14-годишно лице се оддалечило од домот во непознат правец.

Во меѓувреме, во полициската станица Гази Баба, вчера во 15 часот, социјален работник од „Ранка Милановиќ“ пријавил дека на 16 септември, околу 14 часот, 17-годишна штитеничка, самоволно ја напуштила установата и се оддалечила во непознат правец. Причината за заминувањето е непозната.

СВР-Скопје презема мерки за пронаоѓање на двете лица.