Двајца инфектолози си одат од ГОБ „8 Септември“ и Инфективна клиника, а на работа не се враќаат ни трите сестри кои дадоа отказ

-

Имам информации дека една докторка инфектолог веќе дала отказ на Клиниката за инфективни болести и планира да замине да работи во приватна болница. А исто така и докторка која што го раководеше инфективно одделение во болницата „8 Септември“, најави дека ќе си замине.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција по повод по повод одбележувањето на Европскиот ден на органодарителство – 10 Октомври.

Филипче додаде дека разговарал со шефицата на Одделот за инфективни болести во „8 Септември“, Патриција Каламарас но таа била решена да замине.

Причините што лекарите заминуваат, според Филипче е нивната премореност, а дел имале и лични причини.

Министерот за здравство не успеал да ги разубеди и трите сестри кои дадоа отказ на Инфективна клиника, и на нивно место други три сестри ги презеле функциите.

Филипче исто така рече дека се зголемува бројот на примени пациенти во болниците кој е поголем од оние кои се пуштаат дома.

„Навистина е голем бројот на новодијагностицирани во последните неколку денови, голем е бројот на пациенти кои доаѓаат за прием во болниците. Се пополнува капацитетот во сите инфективни оделенија, не така брзо во Скопје, меѓутоа насекаде во државата. Во текот на вчерашниот ден немаше слободни места во Куманово, во Струмица, во Велес и тие пациенти беа препраќани во Скопје. Пет пациенти се примени во „8 Септември“, 13 на Инфективната клиника. Таму има слободни уште десетина места и ја спремаме модуларната болница со цел да се намали притисокот кон болницата „8 Септември“ за да може другите пациенти да добиваат здравствена услуга. Може да се менаџираат болниците, имаме слободни кревети на Инфективната клиника, но целта е овој растечки тренд да го забавиме,“ рече Филипче.

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Откако вчера на социјалните мрежи стана вирално видео на кое маж крвнички тепа жена додека е вклучен во живо на социјалната мрежа „ТикТок“, веднаш беше приведен. Додека се чека официјално соопштение од...

Главните опозициски партии за истрагата за „Пулс“: Селективна правда и политички прогон

Пишува: Теофил Блажевски   СДСМ и ДУИ во последните два дена излегоа со ставови во јавноста во врска со истрагата за трагедијата во Кочани во кои има сличности во настапот, но и разлики. Ваквата...

Трамп воведува царини од 25% за увезени автомобили, очекувајќи да собере 100 милијарди долари од даночните приходи

Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека воведува 25% тарифи на увозните автомобили, потег кој Белата куќа тврди дека ќе го поттикне домашното производство, но истовремено може да ги оптовари автомобилските...

Македонија одбележува пет години како дел од НАТО Алијансата

Денес се навршуваат пет години од официјалното зачленување на Македонија во Северноатлантската алијанса (НАТО), со што државата на 27 март 2020 година стана 30-та полноправна членка на најголемиот воено-политички сојуз во...

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Откако вчера на социјалните мрежи стана вирално видео на кое маж крвнички тепа жена додека е вклучен во живо на социјалната мрежа „ТикТок“, веднаш беше приведен. Додека се чека официјално...