Пожарот на планината Серта е активен на три локации, а тежок пожар има и во Ново село, во близина на границата со Бугарија на планината Огражден. За справуввање со пожарите стаса помош од Турција, хеликоптер и ер трактори, кои веќе гасат во Ново село, додека еден полициски хеликотер гаси на Серта, информира денеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
„Од копно гасат пожарникари, вработени во јавни комунални претпријатија, како и население. Покрај гасење од воздух, се обидуваме да пробиеме патишта. Тежок е теренот, има многу долови, карпести предели, има трње, гмушки, шума и сето тоаго отежнува движењето на терен, тешко е да се дојде до горливите точки“, информира Ангелов.
На помош во гасењето на пожарот на Серта и кај Ново село денеска има 103 припадници на македонската армија, како и луѓе од МВР.