Џафери: Не била лесна битката на браќата Кирил и Методиј

Успеавме во заложбите македонскиот стандарден јазик да биде рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици и во Европската Унија, пишува премиерот Талат Џафери во честитката

Фото: Мета.мк

Не била лесна битката на Браќата Кирил и Методиј, кои во времето кога постоеле само три привилигирани јазици, успеале да го внесат словенскиот јазик на рамнправно рамниште со нив. Со тоа започнува да се развива и современата македонска писменост, напиша во денешната честитка претседателот на Владата Талат Џафери, кој во името на Владата и во свое име го честита 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот „Свети Кирили и Методиј“.

„Како што вели и Свети Климент Охридски за неговите учители „тие со добар подвиг и со цврста вера, минаа како сонце, осветлувајки ги темните места со своите стапки“. И нивното инспиративно дело е и треба да биде патоказ како може и треба да се работи во остварувањето свети цели“, пшува во честитката од Џафери.

Тој и на ректорката на УКИМ, Билјана Ангеловва ѝ го честиташе патрониот празник на Универзитетот.

„Овој празник повикува на упорност и верба во науката и во образованието, како стожерни двигатели на развојот на современа и европска држава, каква што сите посакуваме и целиме да биде Република Северна Македонија. Таквата водечка улога во овој процес му доликува на првиот државен универзитет „Свети Кирил и Методиј“, еден од столбовите на македонската државност и на вас како продолжувачи, и сегашни и идни наследници, на просветителското дело на светите браќа Кирил и Методиј“, напиша Џафери.

Тој кажа: „успеавме во заложбите македонскиот стандарден јазик да биде рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици и во Европската Унија“.

„Се продолжи делото на Свети Кирил и Методиј како темелници на европскиот интеркултурализам. На вас е со поголеми сили и да продолжите да се вложувате во науката и образованието. Споделувајте го знаењето и бидете гласни и храбри пред политиката, во развојот на научнообразовната дејност и во нејзиното место во општеството, затоа што вашето влијание е потребно во одржувањето на демократските текови“, напиша премиерот Џафери во честитката до ректорката Ангелова.

Честитка денеска упати и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

„Од сè срце ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, љубов и хармонија, исполнети со радост и со среќа што имаме можност да ги ползуваме плодовите на великото дело на солунските браќа. Благодарение на нив, словенските народи добија можност да ја развиваат својата духовност, култура, образование, наука. И македонската јазична и културна самобитност, но и светогледот и космополитизмот се втемелени од нивната работа и достигнувања, и од нивното човекољубие“, пишува во честитката.