Џафери: На сите што учествуваат во изборите им посакувам успех

Претседателот на Собранието, Талат Џафери го оствари своето гласачко право на предвремените парламентарни избори на избирачкото место во гостиварското село Форино.

„Како што е редот денес, јас во моето родно место го искористив правото на глас. Имајќи предвид дека сум носител на кандидатската листа во петтата изборна единица, по гласањето ќе се упатам во Изборниот штаб за одблизу да ги следам изборите и таму да ги чекам резултатите по завршувањето на гласањето. Мило ми е што се преземени сите мерки за заштита од корона вирусот и тоа е она што треба да следи во текот на денот. На сите што учествуваат во изборите им посакувам успех,“ изјави Џафери.