По спроведена дисциплинска постапка во текот на минатата недела, донесени се 34 решенија против 34 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето.
Како што соопшти МВР денеска, на 26 вработени им е упатено писмено предупредување, на еден вработен му е врачен отказ, на двајца вработени им се откажани договорите за вработување, а за пет постапката е запрена.