Девојка починала по пад од скутер

Рано утринава битолската полиција била известена дека во близина на фудбалското игралиште во селото Долно Српци е забележано починато женско лице.

Полиција во непосредна близина на починатото лице пронашла паднат скутер. Од извршениот увид било утврдено дека 17-годишната Дијана починала како последица на сообраќајна несреќа.

Малолетничката, најверојатно, паднала од скутерот и од добиените повреди починала на местото на несреќата.