Чавков и Бејли во посета на Куманово

Кумановско Диво Насеље денеска го посетија министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, и амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, кој се сретна и со градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

По средбата, Чавков изјави дека ова е негова прва посета како министер за внатрешни работи на СВР Куманово по настаните од 9 и од 10 мај, но рече дека претходно тука бил во својство на директор на Бирото за јавна безбедност.
Според Бејли, најзначјано е тоа што покрај тоа низ што минаа, граѓаните останаа и се држеа заедно и ја отфрлија идејата дека ова е етнички конфликт и дека насилството е прифатливо за нив.