fbpx

Митко Чавков го чека затвореното одделение во штипскиот затвор

-

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, осуден за настаните од Собранието од 27 април 2017 година, се наоѓа во приемното одделение во Затворот – Штип. Ова го потврди директорот Мики Тодоров, кој најави дека Чавков таму ќе остане во наредните 20-30 дена, по што ќе биде сместен во затвореното одделение. Тоа, според објаснувањето на Тодоров, значи дека Чавков ќе може да излегува надвор од овој простор само два часа на прошетка надвор во затворскиот круг во текот на денот.

Сместувањето во затвореното одделение е според висината на определената затворска казна, која за поранешниот министер е 18 години. Засега за Чавков нема определен евентуален работен ангажан во затворски услови.

Деновиве во штипскиот затвор се очекуваат нови станари, осуденици од настаните од 27 април. Од затворот не откриваат имиња, освен информацијата дека веројатно утре ќе пристигнат нови, на кои притворот им се заменува со ефективна казна затвор.

Митко Чавков, според информациите од Управата за извршување санкции, самиот побарал да биде преместен од притворот во Скопје во затворот во Штип.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...