Бројот на работниците во индустријата е зголемен за 1,8 проценти во однос на лани

Бројот на работниците во индустријата во ноември 2015 година, во однос на истиот месец лани, е зголемен за 2,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во ноември 2015 година, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање од 2,1 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 2,6 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,3 отсто.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември 2015 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1,8 отсто.